Водич

Водич за печат и брендирање

Овде ги собравме објаснувањата што најчесто ги даваме пред да почне една нарачка: со која технологија се печати, како се брендира промотивен производ и како се подготвува фајл.

За што служи водичот

Повеќето прашања што стигнуваат до нас се слични: дали може да се печати бело на шолја, зошто бојата на мониторот изгледа поинаку од отпечатокот и кога офсетот е поисплатлив од дигиталниот печат. Одговорот зависи од материјалот, количината и од тоа што производот треба да издржи, па постапките ги опишавме онака како што ги избираме во секојдневната работа.

Водичот има три дела. Секој може да се чита посебно, а заедно ја покриваат патеката од идеја до готов производ: избор на технологија, избор на метод за брендирање и подготовка на фајл што ќе помине проверка без враќање на корекција.

Совет за конкретна нарачка

Ако не сте сигурни која постапка одговара на вашиот производ, испратете ни опис, количина и фајл ако го имате. Можете да нè контактирате преку формата за контакт, на info@omnex.mk или на телефон и Viber 076/904-095, од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот.

Имате проект за печат?

Испратете ни што ви треба и ќе ви предложиме техника, материјал и рок, заедно со понудата.

Побарај понуда

Често поставувани прашања

За сите што нарачуваат печат или брендирани производи, вклучително и оние што досега немале работа со печатница. Техничките поими како CMYK, Pantone и PDF/X-4 ги објаснуваме таму каде што се појавуваат.

Не. Цената и рокот зависат од количината, материјалот, бројот на бои и доработката, па ги даваме во понуда за конкретната нарачка.

Испратете ни опис или фотографија од производот преку формата за контакт или на info@omnex.mk. Ќе провериме дали и со која постапка може да се изработи или брендира.